Цена за СМС: 3 денариСите цени се со вклучен ДДВ 18%

Цени за РОАМИНГ: Линк
Цени за Интернационални повици: Линк
Ценa за Интернационалнa СМС: 10 ден.

(1) Цена за повици по надминување на лимит: 3 денари / минута.
Тарифирањето на разговори е во минути и се наплаќа од секоја започната минута.

Цени за повици кон броеви од серија 05(xy abcde):
(Бугарска амбасада)           05 80 58555              60 ден.
(Француска амбасада)       05 80 58333              60 ден.
(Wizzair инфо за летови)   05 90 30221           35.4 ден.

 (2) Опциите +20GB и +150GB можат да се активираат со испраќање СМС со содржина “START20” односно “START150” на број 600000, преку корисничкиот профил на moj.telekabel.com.mk или во најблискиот наплатен центар. Опциите +20GB и +150GB национален интернет за +200 и +300 денари месечно автоматски се обновуваат (реактивират) секој следен месец и важат заклучно со календарскиот месец во кој корисникот побара деактивација преку клик на копчето за деактивација на Мој Телекабел, испраќање СМС порака за деактивација со содржина “STOP20” односно “STOP150” на број 600000 или барање за деактивација во најблискиот наплатен центар на Телекабел.

Корисникот може да побара продолжување на користење на интернет сообраќај за тој месец со испраќање СМС на телефонскиот број 600000 со содржина: DATA START. Прекинување на дополнителното користење на интернет сообраќај се врши со испраќање СМС на телефонскиот број 600000 со содржина: DATA STOP.
Дополнително користење на интернет сообраќај за пакетот 300 може да биде најмногу 3GB месечно, за пакетите 500 и 700 може да биде најмногу 5GB месечно, а за Семеен пакет вкупно најмногу е 10GB.
Дополнителното користење на интернет сообраќај се наплаќа по мегабајт и цената изнесува 0.1 денар/MB.

 (3) Пакет 300 со нова опција: НЕОГРАНИЧЕНИ НАЦИОНАЛНИ РАЗГОВОРИ, БЕЗ ИНТЕРНЕТ.

За сите пакети има доплата за повици кон интернационални и специјални броеви, СМС, роаминг и други услуги кои не се наведени во описот на пакетот.

Доколку корисникот побара ЗАМЕНА на СИМ картичка, се задолжува со 200 денари за СИМ картичка и доколку ја користи услугата Мобилна телефонија помалку од 1 месец се задолжува со 200 денари за СИМ картичка.
Привремено исклучување на мобилен број се задолжува со 200 денари.

ПАРКИНГ

Од 13.03.2022 услугата паркинг нема да биде достапна преку СМС.
За градовите Скопје (Градски Паркинг), Куманово, Штип, Струмица, Дојран, регистрација и наплата за паркирање може да се врши преку системот за зонско паркирање на https://www.parking.mk.
Појаснување за начинот на користење на системот има на линкот:
https://parking.mk/?language=mk&page=static&section=business
Дополнително за корисниците на мобилни уреди со Андроид ОС има апликација “Parking.mk”. Мобилната апликација нуди повеќе можности, како на пример додавање на потсетник пред да истече паркирањето.

Чекорите за користење на паркинг-услугата како регистриран корисник се следните:
1. Корисникот ја отвара веб-страната https://www.parking.mk .
2. Се најавува како приватен корисник со внесување на мобилниот телефон и ПИН за најава кој ќе го користи.
3. По најавата врши он-лине уплата на средства кои ќе ги користи за паркирање.
4. По уплатата се враќа на почетната страна и за паркирање ја симнува мобилната апликација или продолжува со користење на веб страната.
5. Започнува паркирање.

За технички проблеми, на самата веб-страна https://www.parking.mk се дадени податоци за контакт за секое јавно претпријатие (телефон и маил).

НЕМА ОБВРЗУВАЧКИ ДОГОВОРИ
Ако од било кои причини не сакате повеќе да бидете наш корисник, потребно е само да доставите барање за раскинување на договор и телефонот ќе Ви биде исклучен без притоа да плаќате пенали или други надоместоци како казна за раскинувањето. Поради тоа што нема обврзувачки договор, плаќањето на месечната претплата се врши однапред.

ПОРТИРАЊЕ НА БРОЈ
Може да си изберете наш број со префикс 074, а можете да извршите и портирање и да го задржите стариот број. За тоа потребно е да поднесете барање во некој од нашите наплатни центри и да доставите последна фактура од претходниот оператор. За портација на постпејд број се наплаќа 200 денари + ддв (тоа се пари кои ги наплаќа Вашиот сегашен оператор), а доколку бројот е припејд потребно е да имате кредит 200 денари + ддв. Откако портирањето ќе биде одобрено, ќе Ве контактираме за потпишување на договор и за достава на новата СИМ картичка.
Барањето за портирање на број не може да биде откажано.
Можете да побарате портирање на 074 број во друга мрежа, за што Телекабел ќе Ви наплати 200 денари + ддв.

РОАМИНГ услови
За исклучување на интернет услугата во странство, потребно е на мобилниот телефон да се деактивира опцијата “Data roaming”. Доколку услугата е системски исклучена за повторно вклучување испратете СМС со содржина DATAON на телефонскиот број 600001. При прво најавување на интернационален оператор корисникот добива информативна СМС порака со највисоките цени во таа држава.  Со следните најавувања на мрежа пораки не се испраќаат следните три дена, и тоа е за да се превентира спамирање на корисници кои постојано патуваат. Tри дена потоа ако се најави на странска мрежа му се испраќа нова порака. Ако корисникот престојува во една земја подолго време повторена порака му се испраќа по изминати 7 дена при првата промена на оператор. За користење на услугите вклучени во пакетот, во роаминг се наплаќа дополнителен надоместок според цените на линк, а за земјите од Западен Балкан се применуват домашните услови за фер користење на Телекабел (линк) и согласно Правилникот за фер користење и проценка на одржливоста на укинувањето на дополнителните надоместоци за регулирани малопродажни услуги во РОАМИНГ донесен од АЕК (линк). Квалитетот и достапноста на услугите во роаминг не се гарантирани од страна на Телекабел и зависат од операторот каде корисникот роамира. Телекабел гарантира само за цените на услугите што ќе бидат достапни и искористени од страна на корисникот.

ПРЕНАСОЧУВАЊЕ НА ПОВИК

Услугата пренасочување на повик е достапна за сите корисници на телефонски услуги и овозможува дојдовните повици кон број од мобилна или фиксна телефонија на Телекабел да бидат пренасочени кон број од мобилна или фиксна телефонија, од Телекабел или било кој оператор во земјава.
Тарифирањето на услугата се врши според ценовникот на повици кон бројот каде се пренасочуваат повиците.

ИНТЕРНЕТ ПОДЕСУВАЊА
Андроид уреди:
Settings
Wireless & networks
Mobile network
Access Point Name
Доколку има постоечки APN од друг оператор се врши промена
Доколку нема постоечки тогаш се додава со: New APN
Параметри кои е потребно да се подесат се следниве:
Name: Telekabel
APN: tkinternet

IOS (iPhone) уреди:
Settings
Cellular (Mobile Data)
Cellular Data Network (Mobile Data Network)
Се едитираат постоечките APN параметри:
CELLULAR DATA (MOBILE DATA)
APN: tkinternet
PERSONAL HOTSPOT
APN: tkinternet

За повеќе информации јавете се на нашите телефони: 074 74 74 74; 074 74 74 00, 074 60 00 00 или 074 60 96 09.